Њујорк е најголемиот финансиски центар во светот


Според Глобалниот индекс на финансиските центри / Global Financial Centres Index – GFCI / во март 2014, Њујорк го дислоцира Лондон како финансиски центар број еден на планетата.

GFCI претставува пласман на финансиските центри според нивната конкурентност. Тој се изработува со помош на онлајн прашалници кој се пополнува од повеќе од 26 000 финансиски центри во светот и покрива повеќе од 80 индекси на разни меѓународни организации како Светската банка, Организацијата за економска соработка и развој, Economist Intelligence Unit и др. Рангирањето се објавува два пати во годината.

И така според индексите во пет главни области: луѓе, бизнис клима, пристап до пазарот, инфраструктура и заедничка конкурентност, во март 2014 број еден е Њујорк, следен од Лондон.

На трето место е Хонг Конг, на четвртото Сингапур, на петтото Цирих. Потоа следат Токио, Сеул, Бостон, Женева и Сан Франциско.

Истанбул е на 47 место со три позиции надолу во однос на претходниот рејтинг, а грчката престолнина Атина е на последното 83 -то место, и исто така забележува пад со 3 позиции.

 


Видете следно

Бентли отпушта до илјада работници

Лондон, 5 јуни 2020 (МИА) – Британскиот производител на луксузни автомобили „Бентли”, кој е во …