Најпознатата опера во САД – Метрополитен во Њујорк, е загрозена од банкрот. Решението на проблемот е да се започнат итни намалувања на трошоците, објасни генералниот менаџер Питер Гелб.
„Ако не се движи кон разумен режим на штедење, по две години ни очекува банкрот”, изјави Гелб.
До денес 48% од тековните расходи на престижната опера се покриваат од донација. Буџетот на операта е 327 милиони долари, од кои 214 одат за платите на тимот. Затоа треба да биде разгледан начинот на плаќање на музичарите од оркестарот и луѓето. Предвидено е тие да бидат намалени за 16%.
Во основата на финансиските проблеми сепак стои одливот на публика. Гледачите почнаа се поретко да одат на опера и категорично немале изведувач како Павароти, кој да ги полни салите, пишува The Guardian.