На 69-то место сме по просперитет


Македонија е поставена на 69-то место во годинешниов пласман за најпросперитетните земји во светот, за разлика од лани каде бевме на 79-тото место. Ова го објави британскиот истражувачки центар Legatum Institute.

Нашата земја се рангира после нашите соседи Грција, која е на 59-то место и Бугарија на 48-мото место. Србија се најде на 77-мото место, а Албанија на 84-тото место.

Вкупно во рангирањето се вклучени 142 земји. На прво место е поставена Норвешка, втора е Швајцарија, а трета Нов Зеланд. Во првата десетка се уште Данска, Канада, Шведска, Австралија, Финска и Холандија и на десеттото место – САД. Во овој рејтинг Кина ја зазема 44-та позиција, а Русија – 68-ма.

Рангирањето се одредува согласно 8 индикатори, меѓу кои се моќта на економијата, состојбата на системот на националното здравство и образование, безбедноста на граѓаните, социјалните слободи, бизнис климата и системот за управување. На дното на списокот фигурираат Демократска Република Конго, Чад и Централноафриканската република, која е на последното 142-то место.



Видете следно

Од денеска до 3 ноември, во МСУ ИЗЛОЖБА НА 17 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАЛЕ

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на изложбата „Уметничка тврдина: Меѓународен конкурс за изработка на …