На Арктикот до крајот на векот температурата може да се зголеми за 20 степени


Експертите од Институтот за нумеричка математика Марчук при Руската академија на науките предвидуваат дека емисијата на штетни гасови ќе ја зголеми температурата во Арктичкиот басен за 20 степени до крајот на векот, изјави денеска водечкиот експерт Евгениј Володин.

Научниците создадоа климатски модел, заснован на можни промени во атмосферата, океанот, почвата и вегетацијата, како и на густината на мразот во морињата, погодени од зголемените емисии на штетни гасови.

– Климатскиот модел ни покажува дека најголемото затоплување може да биде во Арктикот. Според песимистичкото сценарио, во кое загадувањето само би растело, до крајот на векот температурата на Арктикот може да се зголеми за 20 степени, рече Володин.

Дури и ако земјите преземат радикални мерки за укинување на тешката индустрија, не би било можно да се спречи зголемувањето на количината на воздух на Арктикот, додаваат руските научници.

– На пример, ако емисијата на штетни гасови се сведе на нула до 2050 година, поради сегашниот тренд на климата, температурата сигурно ќе се зголеми за два до три степени во 21 век, додаде Володин.

Просечната температура на Арктикот е меѓу минус 30 и минус 10, во зависност од регионот. јт/

Москва, 1 март 2021 (МИА) 


Видете следно

Еве колку нови случаи на Ковид 19 денеска се регистрирани кај нас

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …