На „БитФест“ гостуваат актерите на МНТ со претставата „Народен непријател“


Публиката на Битолското културно лето, вљубениците во театарот, вечер од 20 часот на сцената на Народниот театар во Битола, ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „Народен непријател“, во изведба на Македонскиот народен театар.

Во претставата настапуваат актерите Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.


Театарската претстава „Народен непријател“ е годинашен добитник на четири големи награди признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“ и тоа: наградата за уметничко остварување, наградата за главна машка улога во истоимената претстава за Никола Ристановски, наградата за сценографија за сценографката Вишња Вујовиќ и четвртата награда за рекламен материјал на Димитар Димитров.

Режисер на претставата е Нина Николиќ.мт/вј/


Битола, 5 јули 2022 (МИА)


Видете следно

Сончево и многу топло, од среда пад на температурите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен …