На Чешката Република и се потребни 500.000 работници


Чешката Република е земја со најмала невработеност во Европската унија (ЕУ) и сега владата го врти погледот кон исток за да го надомести сериозниот недостиг на работници.

Властите во Прага ќе преземат мерки, главно поврзани со олеснување на процесот за добивање дозвола за работа.

Според новата владина стратегија, чешките компании ќе можат да бараат квалификуван персонал од земји како што се Украина, Црна Гора, Србија, Молдавија и од земјите во Централна Азија, според веб-страницата „Emerging Europe“.

„Ние не треба да се потсетиме на штетата што ја носи економијата од недостаток на квалификувани работници“, соопшти локалната трговска комора.

Институцијата проценува дека чешката економија изгуби 84 милијарди круни или 3,2 милијарди евра, поради недостигот на работници минатата година. Негативниот ефект се предвидува да се продлабочи на 4,2 милијарди евра во 2019 година.

Во меѓувреме, сегашната квота за украинските граѓани во моментот е 19.600 работници, а заклучно со септември би можела да биде 40.000 луѓе, до 2000 работници за Црна Гора и Србија, а до 1000 за Филипините, Молдавија и Монголија.

“Да, тоа е како капка во морето. Дури и ваквите квоти нема да ја задоволат побарувачката на работниците, затоа што, според наши проценки, дефицитот во моментот е околу 500.000 луѓе”, рече претставник на комората.

Официјалните статистики покажуваат дека невработеноста во Чешка падна на 2,6% во јуни, што е најниско ниво последните 22 години.



Видете следно

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

Во денешни услови евидентно е дека луѓето живеат подолго и поздраво, така што, со оглед …