На денешен ден била формирана Европската економска заедница


На денешен ден во 1957 година Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Франција и Холандија ги потпишаа Римските договори за создавање Заеднички пазар. Организацијата го добива тогаш името Европска економска заедница, потоа Европска Заедница, а денес Европска унија.

Организацијата престанала да постои во 1967 год. кога се обединила со Европската заедница за јаглен и челик и Европската заедница за атомска енергија, што претставувало почеток на Европската заедница.

Основни цели на оваа организација биле изградбата на заеднички пазар врз основа на царинска унија, односно решавање на сите економски препреки, координирање на стопанската политика и подигање на животниот стандард во рамките на Заедницата.

Како еден од најмоќните и највлијателни инструменти на Европската Унија која ќе гарантира развој и оддржливост на заедничкиот пазар е Европската Инвестициона Банка. Создавањето на ЕИБ беше дел од основачкиот договор на Европската економска заедница, Римскиот договор од 1957. ЕИБ мораше да се осигура дека растот нема да се концентрира околу областите што напредуваа додека назадните области (како италијанскиот Мецоџорно) да заостануваат. Некои држави-членки не беа спремни да ја создадат ЕИБ кога институција со слични задачи веќе постоеше: Светската банка. Сепак, политичкиот мотив да се основа институција покрај американски доминантната Светска банка, во опоравена Европа се покажа посилен.


Видете следно

Рецесијата “тропа на врата” – дали ќе влезе во економијата?

Меѓународните експерти и финансиски институции го влучија алармот – 2020 та ќе биде година на …