На денешен ден, е извршено свечено отворање на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)


Во Скопје, на свечената седница на Собранието на СР Македонија, на денешен ден, е извршено свечено отворање на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Инаку македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) — национална научно-творечка установа е основана на 23 февруари 1967 г. За нејзин прв претседател бил избран Блаже Конески, а тековен претседател е Таки Фити.

Членовите на МАНУ се избираат на секои три години на централното собрание на Академијата и од формирањето досега МАНУ имала 154 членови од кои сега 41 се со статус на редовни членови, а 33 се со статус на членови надвор од работниот состав. Досега имала и четири почесни членови, и тоа Коле Чашуле, Јосип Броз – Тито, Едвард Кардељ и Борис Евгенович Патон. Најстар академик е Ѓорѓи Филиповски (1919), а најмлад Абдулменаф Беџети (1959).

МАНУ е членка на CEN (Мрежата на академиите од централна и источна Европа) и SEEA (академии од југоисточна Европа). На редовна основа на заеднички научно-истражувачки проекти МАНУ соработува со: Европската академија на науките и уметностите Друштвото на науките „Лајбниц“ од Берлин, Бугарската академија на науките и националните академии на науките на Украина, Русија, Полска, Романија, Унгарија, Србија, Црна Гора, Словенија, Косово и Турција.

МАНУ досега има издадено околу 1.690 научни трудови од сите сфери на науката и уметностите. Изданијата опфаќаат поголем број на стручни монографии, зборници на трудови, научно-истражувачки проекти и студии, збирки, каталози и уметничка книжевност на македонски и англиски јазик.

Фото: Википедија



Видете следно

ПРОМОЦИЈА НА КОЛУМНИТЕ НА ПРОФ. Д-Р ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ – ЈА ПРОДОЛЖУВАМЕ БОРБАТА НА ПРОФЕСОРОТ !!!

На  18 Октомври (петок) во 12:00 часот во свечениот амфитеатар на Правен факултет при УКИМ …