На денешен ден е Прличев ја добива наградата Лаворов венец за „Сердарот“


„Сердарот“ е најпознатото дело на македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев. Делото е напишано во 1860 година, а на 25 март истата година тоа учествува во натпреварот за најдобра поема на грчки јазик (што секоја година се одржувал во Атина), и ја добива наградата Лаворов венец, како и парична награда. Поради силниот впечаток што ја оставила оваа поема, Прличев бил наречен „Втор Хомер“. Наградата не останува долго во негови раце, затоа што одбива да се изјасни како Грк, и да ја прифати стипендијата за студии во Берлин или Оксфорд.

Поемата е оригинално напишана на грчки јазик, под насловот „О Арматалос“ (Ο Αρματωλος), но при крајот на животот Прличев ќе направи обид да ја преведе на македонски јазик.

Во основа, во „Сердарот“ се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитувал селаните од бандите на Гегите. Дејството во оваа поема се случува кон средината на 19 век, век во западна Македонија, односот регионот помеѓу Галичник, Река (област), и селото Стан.

Во македонските изданија на „Сердарот“ низ годините што минувале не се објавени трите кратки белешки (симиоси) што се наоѓале во првото оригинално издание на „Сердарот“ (Атина, 1860 година). Треба да се истакне дека првпат и единствен пат овие белешки се објавени во Сердарот од 1983 година, печатено од „Македонска книга“, под наслов „Мартолозот“ и овие белешки се наоѓаат на страна 116, меѓутоа се дадени само во грчкиот оригинал (факсимилно) и недостасува македонски превод.


Видете следно

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ ОДРЖУВА ХИГИЕНАТА И ЧИСТОТАТА

Во пресрет на последните случувања и новонастанатата ситуација поврзана со пандемијата на вирусот Ковид-19, екипите …