На денешен ден Колумбо стигнал во Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка


Кристофер Колумбо бил италијански морепловец и адмирал од Џенова, Италија, чии четири трансатлантски патувања во име на Шпанија (1492–1493, 1493–1496, 1498–1500 и 1502–1504) ја отвориле Америка за европско истражување и колонизирање.

Историски најзначајно е неговото прво патешествие во 1492 и покрај тоа што тој не стигнал до северноамериканското копно до неговиот трет пат во 1498. Колумбо не е првиот европски истражувач кој стигнал до Америка. Викиншкиот истражувач Лиф Ериксон стигнал до Северна Америка во 11 век, но патешествијата на Колумбо се случиле во клучно време на растечки национален империјализам и економски натпревар помеѓу првите национални држави кои во раниот развој барале богатство од зачетокот на трговските врски и колонии.

Тој во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров Гуанахани на 12 октомври, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргнал со три брода : „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“. Во текот на патувањето ги открил Куба и Хаити, каде што оставил дел од своите луѓе и се вратил во Шпанија.

До откривањето на Америка на овие континенти живеело малобројно домореодечко население. Него го претставувале: Ескими, Индијанци, Ацтеки, Маи и Инки. По откривањето на Америка започнува масовно доселување на население од повеќе еропски земји: Англија, Франција, Шпанија, Португалија, Холандија, Италија, Гермнанија итн. Тие, колонизаторите, сурово го експлоатирале и физички го уништувале доморедечкото население, така што денес од домородечко население е останат само мал број.

Фото: latinskaamerika.com



Видете следно

Одржана 35-тата седница на Советот на Општина Центар

Советот на Општина Центар, вчера ја одржа редовната 35-та седница. Од 23-те точки на Дневниот …