Фото: tportal.hr

На денешен ден пред 13 години започна израелско-либанската војна


Израелско-либанска војна од 2006 г. позната во Израел како Втора либанска војна, и во Либан како Јулска војна — меѓудржавна војна помеѓу Израел и Либан. Војната се водeше на територијата на Либан и во северен Израел помеѓу израелската војска и вооруженото крило на Хезболах. Израел вршеше масовно воздушно бомбардирање на јужен Либан и Бејрут, поморска блокада на либанските пристаништа и копнени акции од помал обем во јужен Либан. Хизболах, пак, од своите упоришта во јужен Либан испалуваше ракети од типот „Катјуша“ врз цивилни мети во северен Израел, вклучувајќи ја и Хајфа. Бројот на жртвите изнесува: 1.191 убиени цивили и 80-700 убиени војници на либанска страна и 44 убиени цивили и 119 убиени војници на израелска страна.

Војната започна на 12 јули 2006 г. и траеше до стапувањето насила на примирјето на 14 август, иако формално заврши на 8 септември, кога Израел ја повлече својата поморска блокада на Либан.

На 12 јули 2006 година, во знак на поддршка на борбата на Палестинците против најновата израелска офанзива во Газа и со цел ослободување на осудени либански затвореници во Израел, Хизболах прво испали ракети од типот „Катјуша“ врз воени позиции и села во северен Израел, а потоа и нападна израелска патрола на израелско-либанската граница, убивајќи тројца израелски војници и заробувајќи двајца (Ехуд Голдвасер и Елдад Регев). По нападот Хизболах упати повик до Израел за размена на заробениците.

На 11 август, по речиси цел еден месец од почетокот на војната, Советот за безбедност на ОН конечно успеа да донесе резолуција (број 1701) со која се повикуваат завојуваните страни на прекин на огнот. Наспроти сите предвидувања дека оваа резолуција нема да биде почитувана, прекинот на огнот со мали нарушувања сепак го почитуваа и двете страни и всушност доведе докрај на војната.

На 18 септември 2006 година, израелската влада ја лансира Виноградовата комисија да ги преиспита израелските одлуки во текот на војната и да извлече поуки од истата. Комисијата го достави својот воведен извештај на 30 април 2007, кој строго ги искритикува главните одговорни. Но, извештајот исто така беше пофален од неговите приврзаници како доказ за истрајноста на демократијата во Израел.


Видете следно

Претседателот Пендаровски оствари средба со претставниците на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими претставници од Националното здружение на медицински …