На денешен ден пред 15 години се одржа референдумот за изјаснување на граѓаните во врска со новоусвоениот Закон за територијална поделба на РМ


Референдумот од 2004 година бил распишан со цел изјаснување на граѓаните во врска со новоусвоениот Закон за територијална поделба на Република Македонија и бил одржан на 7 ноември 2004. Согласно Уставот на Република Македонија и Законот за референдум и граѓанска иницијатива од 1998, а по барање на 180.454 граѓани на Република Македонија со право на глас, Собранието на Република Македонија на 3 септември 2004 година го распишало задолжителниот референдум за територијалната организација на Република Македонија.

На референдумот мнозинството се искажало против новата територијална поделба, но референдумот не бил успешен поради тоа што излезноста била 26,58%, односно не бил постигнат законски потребниот процент од 51% излезеност на вкупниот број избирачи.

Иницијатор за собирање на потписите бил Светскиот македонски конгрес.

Новата територијална организација на Република Македонија предизвика голем број на контроверзи и поделби во македонската јавност, главно поради етно-демографските импликации на новата територијална организација.

На овој референдум гласачите со ЗА и ПРОТИВ се изјаснуваа по прашањето:

Дали сте за територијалната организација на локалната самоуправа (општините и Градот Скопје) утврдена со Законот за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.49/96) и Законот за градот Скопје (“Службен весник на Република Македонија бр.49/96)?

Гласањето се одвивало на 2.973 гласачки места, при што целата територија на Република Македонија беше една изборна единица.

Избор Гласови %
За 427.112 95,06
Против 22.212 4,94
Неважечки гласови 5.023 1,11
Вкупно 454.347 100
Регистрирани гласачи/одзив 1.709.536 26,58
Извор: IFES

Извор: IFES

Согласно Уставот, референдумот бил прогласен за неуспешен затоа што не се изјасниле повеќе од половина од гласачите.

Извор: Википедија


Видете следно

После пет години се одржа Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација

Денеска во Охрид Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и …