На денешен ден пред 24 години нашата држава стана членка во Советот на Европа


Советот на Европа е основан на 4 мај 1949 година со Уставот за Совет на Европа во Лондон, со мисија да го развива и помага ширењето во Европа на демократски принципи основани на Европската конвенција за правата на човекот и други нормативни текстои за заштита на индивидуите.

Cоветот на Европа е најстарата европска меѓународна политичка организација. Основната задача на Советот на Европа е создавање на единствена Европа во чии основи лежат принципите на слободата, демократијата, заштитата на човековите права и владеење на правото. Седиштето на организацијата е во Стразбур, Франција.

Советот на Европа не треба да биде мешан со Европската Унија – тоа се две сосема различни организации. Исто така, иако знамињата на двете организации се идентични, не треба да се мисли дека станува збор за иста работа.

Едно од најзначајните достигнувања на Советот на Европа е изработката и потпишувањето на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи.

Република Македонија е примена во Советот на Европа како 38-ма членка во 1995.та година.

Во советот на Европа членуваат 47 земји членки, има 1 земја кандидат – Белорусија и 5 земји набљудувачи – САД, Канада, Јапонија, Мексико и Ватикан.

Фото: Wikipedia


Видете следно

Петнаесеттина странски медиуми акредитирани за известување од изборите

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесеттина странски медиумски …