A new view of a photograph that appeared, heavily cropped, in LIFE, picturing Hitler's bunker, partially burned by retreating German troops and stripped of valuables by invading Russians.

На денешен ден пред 75 години започнал хоророт за Хитлер: Денот кога се заклучил во својот бункер!


Адолф Хитлер е роден во Браунау на Ин, Австро-Унгарија (денес Австрија), како син на цариник. Работел како цртач на разгледници и молер. За време на Првата светска војна се борел во Франција, бил изложен на бојни отрови и потоа бил одликуван за храброст.

По поразот на германско-австриските сили, тој станал еден од бројните бесцелни, невработени и депримирани луѓе, кои се сновеле низ Германија и размислувале што ќе се случи со нивната некогаш голема нација.

Хитлер започнал да размислува за освојување на светот. Се насочил кон соседните земји и со инвазијата на Полска на 1 септември 1939 ја предизвикал Втората светска војна. До 1942 година станал господар на цела Европа и на Советските територии до Москва. Но потоа, Сојузниците со нивните комбинирани сили ја разбиле германската војска и во април 1945 додека руската артилерија го разорувала Берлин, Хитлер во својот бункер си го одзел животот.

Адолф Хитлер бил генијален на свој начин. Но својот потенцијал го искористил за нечовечни цели – директно бил одговорен за смртта на 60 милиони луѓе, стотици милони ранети и безброј разурнати градови и така на светот му нанел поголемо зло од било која личност во историјата.

Како и да е, тој бил вегетаријанец, ги сакал децата, ги сакал животните, не пушел и не пиел, но користел амфетамини и до самиот крај и останал верен на својата љубовница, Ева Браун.

Со текот на времето тој бил поразен, уништил голем дел од тоа што останало од старата Европа, додека германскиот народ морал сам да се справи со тоа што би го нарекле подоцна “Нултата година” 1945.

Фирербункерот се наоѓал под Рајхканцеларијата во Берлин, Нацистичка Германија. Бил дел од поголем подземен бункерски комплекс, кој што бил граден во две главни фази, првиот дел во 1936, а вториот во 1943. Бил последно од многуте седиштата на Хитлер.


Видете следно

Ангеловска-Бежоска: Не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци

За оваа и за наредната година, па и среден рок не се очекуваат позначајни инфлациски …