На денешен ден сузбиена една од најстрашните епидемии во светот – Детската парализа


Детската парализа е болест предизвикана од инфекција со полиовирусот. Вирусот се шири преку директен лице-в-лице контакт , преку контакт со заразена слуз или секрет од нос или уста, или преку контакт со заразен измет. Вирусот навлегува низ устата и носот, се размножува во грлото и цревниот тракт, а потоа се апсорбира и се шири преку крвниот и лимфниот систем. Времето од заразување со вирусот до развивање на симптоми на болеста ( инкубација) се движи од 5-35 дена ( во просек 7-14 дена ).

Помеѓу 1840 и 1950 год., детската парализа била светска епидемија. Со развојот на полио-вакцините, инциденцата на полиомиелитетот значително се намалила. Вирусот е истребен во голем број земји. Имало мал број случаи на детска парализа во западната хемисфера од крајот на 1970-тите.

Во 1953 Доктор Џонас Едвард Салк, американски микробиолог го објави откривањето на новата вакцина против детска парализа.

Кога веста за успехот на вакцината стапила во јавноста, Салк бил наречен „чудотворец“, а денот „скоро станал национален празник“. Неговиот фокус бил да развие безбедна и ефективна вакцина колку што е можно побргу, без интерес за личен профит.


Видете следно

Претседателот Пендаровски ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна …