На денешен ден Владимир Путин станува претседател на една од најмоќните држави во светот


Владимир Путин е роден на 7 октомври 1952 година, во Ленинград, СССР. Во 1975 година Путин дипломирал право на Ленинградскиот државен универзитет. Неговата докторска тема била под наслов “Стратешко планирање на регионалните ресурси во рамките на формирањето на пазарните односи” според која рускиот економски успех ќе зависи од националната енергетика.

Во времето на комунизмот, Путин шеснаесет години бил агент во КГБ, каде по распаѓањето на Советскиот Сојуз влегол во политиката во Санкт Петерсбург во 1991 година. Во 1996 година се преселил во Москва и се приклучил кон администрацијата на Борис Елцин, каде на 31 декември 1999 година станал вршител на должноста претседател, кога Елцин неочекувано поднел оставка. Во 2000 година 26 март Путин победил на изборите и бил реизбран во 2004 година. По крајот на мандатот, тој немал право на трет последователен мандат, па во 2008 година новиот претседател Димитриј Медведев го избрал за премиер на земјата.

Владимир Путин бил инаугуриран за претседател на 7 мај 2000 година. Тој го назначил министерот за финансии Михаил Касјанов како неговиот премиер. Во мај 2000 година тој издал дектет за формирање на 89 федерални субјекти на Русија и 7 федерални окрузи со цел полесно функционирање на федералните администрации.

За време на неговиот прв мандат, тој започнал да се справува со моќта на дел од поранешните олигарси на Елцин, како што се Борис Березовски, кој според самиот него му помогнал на Путин да влезе во претседателскиот кабинет и ја финансирал кампањата на Путин.

Во периодот од 2000-2004 година завршила т.н. Јукос афера, период во кој Путин започнал отворена војна со најголемиот дел од руските олигарси. Според оваа зделка, на олигарсите им било дозволено да го задржат поголемиот дел од своите имоти во замена за нивна експлицитна поддршка на владатa.


Видете следно

Од утре ова се новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која …