На денешен ден во 1945.та година црвената армија го ослободи Аушвиц, најголемиот и најстраотниот логор во Втората светска војна


Црвената армија е скратено име за Црвенaтa армијa на работници и селани (рус. Рабоче-Крестьянская Красная Армия), воооружена сила која ја формирале болшевиците во текот на Руската граѓанска војна во 1918 година.

Оваа организација станала војска на Советскиот Сојуз по неговото формирање во 1922 година. Црвената боја во името се однесува на бојата на крвта која ја излеала работничката класа во својата борба против капитализмот. Иако Црвената армија во 1946 го променила името во Советска армија, луѓето од западот и понатаму го користеле терминот „Црвена армија“ и подоцна, на пример, во текот на Студената војна.

На петти септември 1944 година, Советскиот сојуз ѝ објави војна на Бугарија, која дотогаш беше на страната на Германија, депортираше Евреи и стори низа злосторства. На 8 септември истата година, Црвената армија ја окупираше земјата.

Црвената армија во 1945.та година на 27 јануари го ослободи Аушвиц, најголемиот и најстраотниот логор во Втората светска војна.

На 93 години во 2015.та година почина и последниот член на советската Црвена армија што учествувал во нападот на германскиот Рајхстаг, или зградата на парламентот во Берлин, кон крајот на Втората светска војна. Во негова чест, знамето на рускиот парламент беше заменето со Црвеното знаме.


Видете следно

Во Кисела Вода деновиве се уредува нов парк на површина од 16.000 квадратни метри

На неуредениот простор меѓу улицата Лазар Димитров и железничката пруга во Кисела Вода деновиве се …