На ГП табановце за влез во земјава се чека 60 до 90 минути, на ГП Богородица за излез 30 до 40 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 60 до 90 минути, а на ГП Богородица време на чекање за влез и излез од државата е околу 30 до 40 минути.

Како што информираат од АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. сст/ац/


Скопје, 3 август 2022 (МИА)


Видете следно

Општина Штип ќе ангажира 30 лица со ниски квалификации

Општина Штип ќе вработи 30 лица со ниски квалификации. Тие ќе бидат вклучени во проекти …