На Листата на должници на УЈП објавени се 1,995 должници правни лица и 2.520 физички лица


Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2019 за долгови доспеани до 30.06.2019 и неплатени до 30.09.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

На Листата на должници бр.10/2019 објавени се 1,995 должници – правни лица (повеќе за 16 од претходната листа) и 2.520 физички лица (помалку за 66 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2019 изнесува 10.114.683.435 денари, помалку за 84.458.111 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.973.012.126 денари (помалку за 85.793.289 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 141.671.309 денари (повеќе за 1.335.178 денари од претходната листа).


Видете следно

Вицепремиерот Анѓушев и Администраторот на УСАИД Грин – Американските граѓани преку УСАИД од 1993 даваат поддршка за развој на демократијата, транспарентноста и просперитетот на Северна Македонија

 Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања д-р Кочо …