На Северна Македонија и се достапни програмите од Креативна Европа на ЕУ со фонд од 2,44 милијарди евра до 2027 година


СВладата денеска на 120. седница го разгледа и усвои Извештајот за завршени преговори и за склучување на договорот со Европската Унија за учество на Северна Македонија во Креативна Европа (2021- 2027) и определи амбасадорката на Постојаната мисија при ЕУ во Брисел, Агнеза Руси – Поповска да го потпише договорот.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, согласно овој договор, Република Северна Македонија, преку Министерството за култура, ќе учествува во оваа програма со вкупен износ од 1,14 милиони евра, распределени во седум години со што се стекнува со пристап до буџетот на Програмата Креативна Европа (2021-2027) кој изнесува 2,44 милијарди евра.


-Програмата ја препознава културната разновидност како главен приоритет преку кој треба да се одговори на предизвиците со кои денес се соочуваат културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор, а нејзини приоритети се заштита, развој и унапредување на културната и јазичната разновидност и наследство, како и зајакнување на конкурентноста и економскиот потенцијал на културните и креативните сектори и на аудиовизуелниот сектор, се наведува во соопштението. вг/лв/

копје, 23 ноември 2021 (МИА)



Видете следно

Шест седмици по ред паѓа цената на нафтата

Цените на нафтата на светските берзи паднаа и минатата недела, шеста седмица по ред, бидејќи …