На Табановце и Богородица за влез и излез се чека 45 минути


На граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за влез и излез од државата е 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, информира Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.лв/

Скопје, 21 јули 2021 (МИА)


Видете следно

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за …