На „Табановце“ се чека околу еден час, на „Богородица“ од 30 минути до еден час


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Табановце” времето на чекање за влез во државата е околу еден час, а на ГП „Богородица времето на чекање за излез од државата е од 30 минути до еден час.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/



Видете следно

Францускиот амбасадор Бомгартнер во посета на Собранието

Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер денеска ќе го посети Парламентот и ќе се сретне …