Breaking News

На УКРО почна подготовката за поставување на новиот аксцелератор


На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) ќе се инсталира  линеарен аксцелератор за потребите на онколошките пациенти.


На клиниката денеска почна деинсталацијата на постојниот систем за радиотерапија, односно линеарниот акцелератор 356, стар околу 20-тина години.


 Како што соопшти Министерството за здравство, во тек се подготвителните активности за инсталација на неупотребениот линеарен акцелератор, кој беше купен пред седум години.

Ангажирана е професионална компанија за деинсталација на постојниот акцелератор.


По деинсталација на апаратот ќе следат активности за адаптација и реновирање на бункерот и инсталација на новонабавениот апарат.

Министерството за здравство информира дека и покрај овие активности на клиниката нема да се наруши работата со пациенти и таа ќе се одвива непречено.


На оваа клиника во функција се уште три апарати за радиотерапија. мд/дма/Фото: МЗ  .

Извор: МИА