На Универзитетот во Тетово претставени можностите за стипендии за студии и усовршување во САД


Претставници на Американската амбасада во земјава денеска на Универзитетот во Тетово презентираа програми за студирање и професионален развој во Соединетите Американски Држави. Претставени беа повеќе видови стипендии што ги нуди Амбасадата, со посебен фокус на студентските програми „Фулбрајт“ за постдокторски студии и „Хуберт Хамфри“ за професионалци.

–Овие програми се тековни и доаѓаме секоја година да зборуваме пред студенти и да им кажеме зошто треба да се аплицира. Стипендиите што ги нудиме ги покриваат буквално сите трошоци – од виза до повратна карта. Се им е платено, дали студираат последипломски или додипломски студии едногодишни или двегодишни студии, сите трошоци се покриени, изјави Газменд Илјази раководител на образовни програми и алумни координатор во Амбасадата.


Фулбрајт-студенската програма им овозможува на дипломираните или на тие што ќе завршат додипломски студии да ги запишат своите последипломски студии во Америка.

-Може да аплицираат студенти со последипломски и докторски студии запишани во нашата држава или во трета држава ако сакаат да прават здружување во нивната магистерска или докторска дисертација. Сите категории може да аплицираат за програмата „Фулбрајт“. Исто така, професорите може да аплицираат за постдокторски студии. Оваа програма им овозможува не само истражување, туку и можност за предавање на некој од универзитетите, рече Илјази.


Програмата „Хамфри“ им овозможува на професионалците во разни области стекнување искуства со цел професионално усовршување.

-Заинтересираност има, но не можам да кажам дека е доволно. Бројот на стипендии што ние ги даваме го задоволува бројот на кандидатите кои аплицираат. Но, ако имаме многу повеќе заинтересирани кандидати, секогаш може да се врши малку повеќе притисок во Вашингтон за поголем буџет за овие можности, потенцираше Илјази. ас/хс/



Видете следно

МОТ: Меѓусекторска соработка и инвестирање во сите региони за поголема успешност на мерката Гаранција за млади

На Меѓународниот ден на младите – 12 август, Меѓународната организација на трудот (МОТ) ги презентира …