Над 1.000 долари за акција на Google


Рекордното ниво од над 1.000 долари за акција за првпат го достигна гигантот Google по објавувањето на финансиските резултати за третиот квартал.

Само за еден ден нивната цена скокнала за 13%, и за акција се тргуваше за 1007.40 долари, објавија CNBC.

Иако рекламните приходи на компанијата продолжија да опаѓаат, тоа се компензираше со поголем број корисници, кои кликаа на реклами.

Google останува лидер во продажбата на дигитална реклама. Растот на приходите во периодот јули-септември е зголемен за цели 12% или 14,89 милијарди долари.


Видете следно

Пакомак е првата македонска компанија која воведува повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки

Со помош на Фондот за Иновации, Пакомак е првата македонска компанија која го воведува светскиот …