Над 100 илјади евра од општинскиот буџет на Тетово за паушали на советниците


Во тетовскиот регион најмногу пари од општинските буџети се издвојувани за Советот на Општина Тетово вкупно 103.782, додека најмалку, само една третина во споредба со Тетово, или 34.224 евра за Советот на Јегуновце, покажува базата на податоци и истражувањето на оваа тема спроведен од Центарот за граѓански комуникации од Скопје (ЦГК).

И по однос на советник на тетовското подрачје во 2019 година најмногу паушал земале во Советот на Општина Тетово, по 16. 993 денари месечно, а претседателот 22.092. Вкупно за сите 31 советник и претседателот од општинскиот буџет издвоени се 103.782 евра за 2019 година. Во Јегуновце се најмали и паушалите-11.464 за советници и 14.903 за претседателот. Најмногу седници имаат одржано во Боговиње 19, додека најмалку во Теарце 11.

-Вкупната годишна сума што им се исплатува на 1319-те советници и претседатели на совети во Македонија изнесува повеќе од 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра, информираат за истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Висината на месечниот надомест зависи од бројот на жители во општината и е определен како процент од просечната плата во земјава. Претседателите добиваат 30 проценти повисок паушал од советниците. Услов за да се исплати паушалот е во месецот да биде одржана барем една седница.ас/см/

2021-01-13 13:20:18, од Александар Самарџиев, Тетово

Тетово, 13 јануари 2021 (МИА)


Видете следно

Општина Гостивар заради пандемијата влезе во долг од два милиони евра

Намалените приходи од локалната економија во општинската каса и дополнителните трошоци придонесоа вкупниот долг да …