Над 300 матуранти се здобија со стипендии од Програмата за стипендии на Меѓународниот балкански универзитет, аплицирањето трае до 25 септември


 

 

Досегашните уписи на нови студенти на Меѓународниот балкански универзитет покажуваат дека новата Програма за стипендии на универзитетот за академската 2020/2021 година носи вистински резултати. Според неа, ученици кои се прогласени за најдобри во генерацијата, што се докажува со потврда од средното училиште, добиваат целосна стипендија и овие идни студенти ќе бидат целосно ослободени од школарина. Аплицирањето за програмата за стипендии на Меѓународниот балкански универзитет ќе трае до 25 септември 2020 година.

Стипендијата од 80% ќе важи за оние ученици со среден успех 5.00. За нив, школарината ќе изнесува 200 евра по семестар. Учениците со среден успех од 4.50 до 4.99 добиваат стипендија од 70%, односно ќе плаќаат школарина од 300 евра. Стипендија во вредност од 60%, односно школарина од 400 евра по семестар, е предвидена за учениците со среден успех помеѓу 4.00 и 4.49, додека 50% стипендија, или школарина од 500 евра од семестар, може да добијат учениците со среден успех од 3.00 до 3.99.

До крајот на август, повеќе од 300 студенти од земјата и од Балканскиот регион согласно нивниот успех од средно образование се здобија со стипендии. Од Универзитетот велат дека најмногу се радуваат на фактот што матурантите што аплицираат се квалитетни ученици и имаат висока просечна оценка од средното образование.

„Бевме убедени дека новата програма за стипендии ќе има голем ефект во општеството. Прво, ќе им помогне на најдобрите матуранти и нивните семејства од финансиски аспект, добивајќи стипендии до степен на целосно ослободување од школарина. Второ, таквата политика ги мотивираше најуспешните матуранти да аплицираат за стипендија, па така се придонесува најдобрите идни студенти да останат во државата и тука да се стекнат со високо образование. И трето, што е многу важно, низ нашиот модерен образовен систем ориентиран кон кариера и професионалност, идните дипломци со нивното стекнато знаење и практични вештини ќе помогнат за севкупниот развој на државата и општеството. Горди сме на фактот што програмата за стипендии на Меѓународниот балкански универзитет низ која досега поминаа над 1200 студенти прераснува во најистакнат општествено-одговорен проект во високото образование во државата и регионот” – вели Висар Рамадани, Генерален секретар на Меѓународниот балкански универзитет.

Со аплицирање за Програма за стипендии на МБУ за сите матуранти кои сакаат да го продолжат високото образование на домашен универзитет, се нудат меѓународни стандарди, најдобро рангиран универзитет во категоријата настава и учење според последната Шангајска ранг-листа, студии на англиски јазик, активни програми за размена на студенти со преку 200 универзитети во 40 земји од светот, одлични можности за практична работа и вработување по дипломирањето во најреномирани институции и компании и целосно нов универзитетски кампус во Скопје.

Аплицирањето може да се врши онлајн на www.scholarships.ibu.edu.mk


Видете следно

„Дрекслмајер” донираше триста компјутери за училишта од пет општини

„Дрекслмајер” донираше триста компјутери за училиштата од Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Велес и Градско, иформираа …