Над 600 овоштари пријавиле штети од пролетен мраз во Росоманско


Над 600 овоштари пријавиле штети од пролетен мраз во Росоманско, потврди за МИА росоманскиот градоначалник Бранко Јанев. Тој нагласи дека штети има кај овошките во поголем дел од територијата на општината.

– Се работи за досега најголеми штети. Тие, според првичните согледувања, на некои места изнесуваат и до стотина проценти. Сето тоа е последица на пролетниот мраз од првата половина на месец април кога имаше ниски температури во нашиот крај, инаку најголем регион за производство на праски во државата, појасни градоначалникот.


Тој потсети дека е формирана општинска комисија за проценка на штетите. Оштетените овоштари се пријавија во локалната самоуправа на повик на таа комисија. Ќе се изврши увид на лице место и потоа проценките за штети ќе се достават до Министерството за земјоделство, со цел оштетените да добијат обесштетување. свд/рп/

Росоман, 4 мај 2021 (МИА)


Видете следно

Вработени во спортски обложувалници: Издржуваме фамилии, плаќаме кредити и бараме само да работиме

Ние, вработените во спортски обложувалници денес одржавме прес-конференција пред Владата на РС Македонија, на која …