Над една милијарда сајтови на интернет, а се повеќе CO2


Интернетот одбележа 25 години во почетокот на годината. Во моментов има над една милијарда сајтови на интернет и овој број постојано се зголемува, според последните резултати, снимени онлајн од специјализираниот сајт Live stats.

Идејата за светската мрежа која ги поврзува компјутерите е развиена во 80-тите години на 20 век, од Британецот Тимоти (Тим) Џон Бернерс-Ли, кој во тоа време бил само млад инженер по информатика во Швајцарија.

Тој развива средство за полесна комуникација меѓу нивните неколку компјутери, што се испоставува првиот чекор кон феноменот што го промени животот на милијарди луѓе.

Идејата е претставена писмено на 12 март 1989 година. Денот е прогласен за датумот на раѓањето на светската мрежа.

Американските воени разузнавачи исто така ја имале идејата да ги поврзат компјутерите во мрежа во 50-тите години на 20 век, и го пуштаат Арпанет во 1969 година, кој бил еден вид претходник на интернетот. Но, благодарение на системот на “Сер Тим”, кој денес полни на 59 години, луѓето можат да го објавуваат она што го сакаат со помош на меѓусебно поврзани компјутери, отворајќи ја вратата за огромното споделување на информации и експлозијата на бројот на сајтови.

Google или Yahoo! беа создадени подоцна, за да им помогнат на луѓето да ги откријат заинтересираните страници меѓу изобилството од објавени информации.

Сега само во еден ден Google регистрираа над 3,1 милијарди пребарувања во сервери.

Постојано расте и бројот на пробиени сајтови – над 11 000 од почетокот на годината.

 


Видете следно

Калифорнија бара повлекување на вакцината на Модерна

Одделот за јавно здравје во Калифорнија бара да се повлечат вакцините на „Модерна” против коронавирус …