НАГРАДА ОД 600.000 ДЕНАРИ ЗА „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ОД ГРАД СКОПЈЕ


Градот Скопје ќе додели парична награда во вредност од 600.000 денари за авторската и актерската екипа на документарниот филм „Медена земја“. Ваква одлука се очекува да донесе Советот на Град Скопје, на денешната седница.

Оваа награда се доделува за придонесот на ова филмско ремек-дело за афирмација на нашата земја и култура во светот, како и за промоција на вистинските човечки вредности и односот кон животната средина од која зависиме и која треба да ја чуваме. Градот Скопје со овој чекор ја потврдува својата заложба за поддршка и афирмација на културата, со надеж дека ваквиот позитивен однос ќе ги поттикне културните работници да творат и да создаваат незаборавни дела.

Филмот „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов освои многубројни награди на престижни филмски фестивали низ светот, а беше номиниран и за Оскар, во категориите Најдобар документарец и Најдобар странски филм. Приказната за Атиџе, одгледувачката на диви пчели, ги освои срцата на гледачите, но и на филмските работници, и испрати силна порака за важноста на здравата и чиста животна средина и за зачувување на рамнотежата во природата.

 

 


Видете следно

Донација на OKTA од 50.000 евра за Министерството за здравство

ОКТА преку донација на медицинска опрема во вредност од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот …