Награден натпревар на Huawei за најдобра фотографија


Последната кампања на Huawei – Next Image competition го доби вниманието на цел свет. Повеќе од 27.000 фотографии, фотографирани со мобилен телефон се пријавени на конкурсот до сега. Овие дела се прегледани од посетителите на страницата повеќе од 120.000 пати. Ако сакате да бидете дел од настанот – не се колебајте и пријавете се до 20-ти август.

Дали некогаш сте се запрашале како е да се чувствуваш како професионален фотограф, но во оној момент кога неговата фотографија е ценета и сакана од широката публика? Ако да, тогаш не сте единствени. Над 27.000 лица низ светот го делат истото чувство со самото пријавување на Next Image натпреварот на Huawei. Вашата фотографија е претставена пред широка публика, која своето воодушевување може да го претвори во гласови и „лајкови”, па Вашата фотографија да дојде сè поблиску до големата награда и победа.

Засега, најпопуларната категорија е Природа со над 16.000 пратени фотографии… Значи, ако планирате да патувате во скоро време, еве уште еден мотив да направите убави фотографии!

Ние комуницираме преку фотографија уште оддамна. Постои некоја природна желба во нас да ги искажеме нашите мисли и чувства преку оваа форма. Фотографиите кои до сега се пријавени на натпреварот покажуваат како се чувствуваат луѓето денес, и покажуваат дека сé уште го користиме овој метод на комуникација и споделување на мисли. Со помош на мобилната фотографија, сега е полесно од било кога!вели Alex Lambrechts, сертифициран Лајка фотограф.

Да се учествува во натпреварот вреди од повеќе причини. Покрај шансата да се стане препознатливо и ново лице во светот на фотографите со објавување на Вашата фотографија во National Geographic, имате шанса и да добиете вредни награди. Победникот на Grand Prix наградата ќе добие 10.000 евра, MateBook X и патување во Италија. Авторите на најдобрите три фотографии во секоја категорија (Лица, Добра ноќ, Здраво животе, Check-In, Природа, Приказна) ќе бидат наградени со парични награди, MateBook X лап-топи и мобилни телефони од P20 серијата. Но, тоа не е се – авторот на фотографијата која ќе добие најмногу гласови, ќе добие награда од публиката.

Па, ако мислите дека имате око за детали и сте креативни, не се колебајте и пријавете се на http://campaign.consumer.huawei.com/mk/ со прикачување на Вашите фотографии, до 20-ти август. Гласањето е овозможено до 28-ми август, а жирито ќе ги прогласи победниците на 10-ти септември.

 

Видете следно

HUAWEI P20 Pro на Huawei прогласен од EISA за „Најдобар паметен телефон на годината”

Huawei Consumer Business Group денес доби награда од Европската Асоцијација за слика и звук (EISA) …