Breaking News

НАЈАВА/ Презентација на анализа „Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската ‘мека моќ’ во Северна Македонија“


Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Здружение за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА денеска ќе биде промовирана анализата и истражувањето на тема „Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската ‘мека моќ’ во Северна Македонија” во авторство на д-р Ана Крстиновска.

Како што информираат организаторите, настанот ќе го отвори директорот на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденаур во Скопје Даниел Браун, а излагање на темата ќе имаат Крстиновска од Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА, д-р Кристофер Неринг, соработник на Фондацијата Конрад Аденауер на Програмата за медиуми во Југоисточна Европа при Универзитетот „Св. Климент Охридски “ – Софија и Антонијо Молошоски, претседател на парламентарната Комисија за надворешна политика и член на Интернационалната Парламентарна Алијанса за Кина..фф/лв/