Breaking News

НАЈАВА Прва конференција за наука за материјали на МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите и Истражувачкиот центар за животна средина и материјали, ја организираат Првата конференција за наука за материјали која ќе се одржи од денеска до 27 мај во Амфитеатарот на МАНУ, со почеток од 9 часот.


Како што соопшти МАНУ, воведни обраќања на научниот собир ќе имаат Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, како и Глигор Јовановски, претседател на Организациониот одбор на конференцијата при МАНУ.


Конференцијата со пленарно предавање ќе ја отвори Ден Шехтман добитник на Нобелова награда по хемија во 2011 година, за откривање на квазикристалите.

Според агендата, на тридневниот меѓународен научен форум ќе учествуваат научници и експерти од земјава, како и од Италија, Ирска, Финска, Обединетото Кралство, Република Чешка, од Јапонија и од САД.


вг/ .

Извор: МИА