Најава за рестриктивни мерки: Зголемен број на новозаболени од КОВИД-19


Во текот на вчерашниот ден епидемиолозите бележат повеќе од двојно зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 за разика од претходниот кога беа регистрирани 25 лица со коронавирусот. Лидерот на СДСМ Зоран Заев обвини дека ова е директна последица од неработењето на техничкиот министер Наќе Чулев, а тој пак порастот на заболени го оцени како директна последица на фактот дека власта неместо суштински политики терала дневен ПР од прашањето поврзано со корона вирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче порача дека повторно ќе бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа го наложи епидемиолошката состојба, а информираше и дека епидемиолозите се соочиле со проблем во добивање информации од семејството на починат за кој се утврдило дека е позитивен на КОВИД-19.

Вчера се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Од новите случаи на КОВИД-19 во Скопје се регистрирани 26, во Куманово-6, Штип-7, Тетово-9, Струга-2, Велес-1 и Кочани-1. Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.129,  оздравени се 1.516, а починати 126. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487.

Филипче вчера порача дека е можно повторно ќе бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа го наложи епидемиолошката состојба. Тоа било анализирано на состанок на Комисијата за заразни болести но  дека засега се уште нема потреба од таква мерка зашто се следат кластерите на вирусот.


Видете следно

Кој е условот за влез за државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ во земјава?!

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и на Босна и Херцеговина при влез на граничен …