Најбогатите во светот се збогатуваат со просек со $ 6000 на минута


Во последните 2 години 85-те најбогати луѓе во светот ги зголемиле своите нето средства со вкупно 668 милиони долари на ден, а тоа прави околу половина милион долари на минута. Секој од нив кон своето богатство додавал во просек речиси по 6.000 долари секоја 1 минута, се вели во извештајот на невладината организација Oxfam.

Студијата, пренесена од CNBC, покажува исто така дека бројот на милијардери е зголемен двојно од почетокот на финансиската криза. Така во клубот на супербогаташите веќе членуваат 1645 лица наспроти 793 во март во 2009 година.

Од Oxfam истакнуваат дека зголемувањето на бројот на милијардери покажува дека јазот меѓу богатите и сиромашните се зголемил уште повеќе за време на кризата. Стотици милиони во светот живеат во сиромаштија без пристап до здравствена заштита и образование, а во исто време милијардерите собираат богатство, кое никогаш нема да можат да го потрошат.

Во јануари друга студија на Oxfam покажа дека вкупно средствата на 85-те најбогати луѓе во светот се изедначува до богатството на целото сиромашно население на планетата.

Од невладината организација пресметале исто така, дека ако топ милијардерите се оданочат во износ од 1,5%, тоа ќе генерира приходи од 74 милијарди долари. Оваа сума е доволна секое едно дете во сиромашните региони на светот да добие пристап до образование и здравство, сметаат тие.

 


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …