Најбрзиот компјутер во светот ќе го имитира мозокот


Голема група на научници и истражувачи работат на развивањето на најбрзиот компјутер на светот. Тајната на огромната брзина на машината ќе се крие во тоа дека таа ќе работи слично на човечкиот мозок, пишува “Машабл”.

(Human Brain Project – HBP), беше лансиран минатата недела за време на прес-конференцијата во Швајцарија. Во него се комбинира интелектуалниот потенцијал на 135 научни институти и владини организации, чија основана цел е да го создадат првиот во историјата компјутерски аналог на човечкиот мозок. Проектот е финансиран од Европската комисија и ќе чини околу 1,6 милијарди долари.

Со своите неврони, чиј број го надминува оној на ѕвездите во нашата галаксија и безбројните врски меѓу човечкиот мозок е најсложената машина која познаваме. Научниците тврдат дека компјутерот кој се развива врз основа на нашите мозоци, ќе биде 1000 пати побрз и од најмоќните машини кои се користат денес.

Првата фаза на проектот HBP, за која се очекува да трае околу една деценија, е да се разберат подобро одделните функции на мозокот . Тогаш целта на научниците ќе биде да се обидат да го разберат начинот на кој учиме, размислуваме, гледаме и слушаме.

“Добро познатите производители на суперкомпјутери како IBM, Cray, Intel и Bull си поставија за цел до крајот на деценијата да ги изградат првите машини, способни да вршат квинтилиони операции во секунда. Ние сме сигурни дека тогаш ќе располагаме со машините кои ни се потребни”, тврди Маркрам.

Научниците очекуваат како последица на проектот да научат многу нови работи за начинот на кој работат нашите мозоци и да откријат методи за третман на неизлечиви мозочни заболувања, пренесе економик.


Видете следно

Вчера во Народната банка се одржа 35. сесија на Клубот на истражувачите

Вчера во Народната банка се одржа 35. сесија на Клубот на истражувачите, на која по …