Најчевска: Црвенковски беше ист таков фикус како Иванов


Статус на Мирјана Најчевска:

„Јас сум многу против вакви привилегии. Сум и за можност да бидат одземени сосема доколку се утврди дека за време на вршењето на функцијата Иванов го прекршил законот.

Меѓутоа навистина не ми е јасно зошто не се спомнуваат истите привилегии кои важат и за Црвенковски?

Да ви кажам право тој беше ист таков фикус како Иванов.

Безгласна буква која служеше за помилување и местење судии и амбасадори по сопствен ќеиф и партиски потреби. Јас така го доживував.

Време да се отвори расправа за функцијата претседател и очекувам тоа да го направи новоименуваниот претседател“, напиша Најчевска на Facebook.


Видете следно

Општина Кисела Вода Ве поканува на “Културно лето Општина Кисела Вода 2019”

Утревечер, 17.08.2019год. (сабота), со почеток во 20 часот, Општина Кисела Вода Ве поканува да бидете …