Најчевска: Заев се спрема да го врати Мијалков на неговата поранешна функција – Сосема нормално така?


Премиерот Зоран Заев вчера на рочиштето за Таргет-Тврдина“ кој беше повикан во својство на сведок, изјави дека четири пати одел во владата на средба со Никола Груевски пред да ги објави снимените разговори.

Сашо Мијалков е виновен како директор на УБК. УБК тоа го правела, но лошотијата, злобата доаѓа од тој што го конзумирал тоа. Чесен политичар го спречува тоа, ако увиди го пријавува тоа, а не да го конзумира, па да ги слуша новинарите, ај опонентот, па и кога разговараат со своите деца, па кога имаат и домашни и семејни проблеми, па и невладините организации, па и верски заедници, бизнисмени, се. И те како сите во веригата на одговорноста, како што законот утврдува според мене, го прекршиле законот“, изјави Заев.


На Facebook реагираше професорката Мирјана Најчевска:

Само мене ми се чини или Заев се спрема да го врати Мијалков на неговата поранешна функција и секако да го ослободи од било какво сомнение.
Сосема нормално така?
Мијалков е едноставно жртва на Груевски. Како и Гордана и Пешев и …



Видете следно

Бесими: Владините мерки влијаеја штетата да не биде поголема врз стопанството и граѓаните

Кризата е од големи размери. Мерките што ги презеде Владата како првичен одговор беа за …