Најголемите разлики во платите кај директорите и вработените


Денес еден корпоративен директор во САД добива во просек 380 пати повеќе од обичниот службеник. Во последните 30 години платите на корпоративните директори во САД се зголемиле за 127 пати побрзо од оние на вработените.

Според индексот на платите Payscale во 2012 разликата во платите била најголема во американскиот трговски синџир Wal-Mart. Главниот извршен директор на компанијата Мајкл Дук зема над илјада пати повеќе од обичниот вработен.

Business Insider објави листа со разлика кај компаниите во платите на директорите и вработените:

1. Мајкл Дук, Wal-Mart – $ 23,150,000; $ 22,400; 1034:1

2. Грег Стејнхафел, Target – $ 17,890,000; $ 29,900; 597:1

3. Роберт Игер, Walt Disney – $ 31,630,000; $ 56,800; 557:1

4. Дејвид Брегот, Honeywell – $ 32,860,000; $ 74,700; 440:1

5. Руперт Мардок, News Corp – $ 24,790,000; $ 60,700; 409:1

6. Ирена Розенфелд, Kraft Foods – $ 25,360,000; $ 65,300; 388:1

7. Рандал Стефенсон, AT & T – $ 26,000,000; $ 68,100; 382:1

8. Брајан Ројертс, Comcast – $ 18,760,000; $ 50,600; 370:1

9. Џејмс Димон, JPMorgan Chase – $ 19,050,000; $ 53,800; 355:1

10. Тери Лундгрен, Macy’s – $ 10,020,000; $ 29,000; 345:1

Според податоците на USA Today директорските плати скокнале со 8 проценти во изминатава година. Тоа е 3-пати повеќе во однос на растот во платите – 2.7% во 2012 според податоците на NBC News.

 


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …