Најголемите светски компании


Компании од 63 земји влегоа во Global 2000, пренесува Forbes. За прв пат оваа година кинеската банка ICBC ја дислоцира американската нафтена компанија Exxon Mobile од првото место како најголема компанија во светот.

Другата кинеска банка China Construction Bank ја зазема втората позиција, издигајќи се со цели 11 места оваа година.

Закана пред двете банки е опасноста од банкарска криза во Кина, имајќи ги во предвид очекуваните владини мерки за борба против инфлацијата на цените на куќите.

Најголемата компанија во светот во 2011 година JP Morgan Chase, се придвижи едно место надолу од минатата година,односно до второ место, и сега ја зазема третата позиција.

Американскиот индустриски конгломерат General Electric исто така се придвижи за едно место надолу до четвртата позиција. Топ пет се дополнува со лидерот од минатата година Exxon Mobile, кој губи четири позиции.

Apple е највредната технолошка компанија во светот, дури и по значителното намалување на пазарната капитализација. Лидер во продажбата во светот е американскиот малопродажен ланец Wal-Mart Stores со пораст од 5% на продажбата, одземајќи ја лидерската позиција на Royal Dutch Shell.

Во топ-25 на листата оваа година влегоа германската Allianz, корејските Samsung и американската AT & T.

Меѓу компаниите кои забележаа значително намалување во рангирањето, спаѓаат американската Hewlett Packard, се намалила до 438-то место од 67 минатата година, како и Rio Tinto од 69-то место на 435-то во оваа година.

Вкупно 162 се новите имиња во листата. Таа е составена врз основа на еднакви тежини на критериумите продажба, профит, средства и пазарна капитализација.

Воопшто приходите на 2000-те компании кои се вклучени во рангирањето, изнесуваат 38 трилиони долари, или раст од 6%, а нивната заедничка добивка е намалена за 7% до 2.43 трилиони долари минатата година.

Средствата се во висина од 159 милијарди долари, или зголемување за 7%, а нивната пазарна капитализација била 39 трилиони долари.


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …