Најголемо влијание врз огрничувањето на обемот на производството има недостигот на квалификувана работна сила


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2019 година е намален за 0.3 процентни поени во однос на декември 2018 година и изнесува 20.1, а во однос на јануари 2018 година е зголемен за 1.3 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2019, во однос на декември 2018 година, е поневолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на декември 2018 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2019 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а e поповолна во однос на јануари 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2019 година изнесува 68.2 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз огрничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 28.7 %, недоволната домашна побарувачка со 15.5 %, недоволната странска побарувачка со 15.3 % и неизвесното економско опкружување со 8.9 %.


Видете следно

Заев и Ангеловска за Извештајот на ММФ: Коментарите не се негативни, напротив позитивно ја охрабруваат Владата да продолжи со реформите

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на …