Најголемо зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е во секторот Финансиски дејности и дејности на осигурување


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, изнесува 103.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (10.0 %), Градежништво (7.4 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7.2 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16.5 %), Градежништво (3.9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (3.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2019, изнесуваше 25 270 денари.


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …