Најиновативниот град во светот


Вториот по големина град во Колумбија, Меделин е одреден за најиновативен град во светот од листата на “Вол стрит журнал” City of the Year.

Веднаш по него се наоѓа вториот по големина град и главен град на Израел Тел Авив, а третото место го зазема еден од симболите на американската градска култура Њујорк.

Градот Меделин го зазема првото место поради тоа што во него се намалени емисиите на јаглерод диоксид, како и убиствата, а истовремено се подобрени условите за живот на населението и беа воведени нови социјални проекти, коментираат креаторите на листата.

Градоначалникот на градот Анибал Гавирја го одбележа достигнувањето на Меделин преку социјалните мрежи.

Во првиот круг се одредува листа од 200 кандидати, по што се прави барање меѓу читателите на “Волстрит журнал”. Првичниот список од 200 градови се намалува до 25. Потоа се доаѓа второто барање меѓу читателите и листата и на крајот се сведува само на три града.

Првично одличен за својот напредок и потенцијал, но и профитабилен град нашол нови решенија на класичните проблеми поврзани со мобилноста и одржливоста на животната средина. Џиновски ескалатори и лифтови ги носат граѓаните на Меделин од стрмните планински падини до домовите, работните места и училиштата во долината.

Како резултат на тоа времето на патување за поголемиот дел од граѓаните е сведено од над два часа до неколку минути. Во овој град модерниот подземен систем на метрото ги намалува нечистотиите и ги ослободува главните артерии на градот. Освен тоа, во градот има нови музеи, културни центри, библиотеки и училишта што ја збогатуваат заедницата.

Останатите 25 градови, кои се најдоа во вториот круг од трката се:

Кејп Таун (Јужна Африка), Лондон (Англија), Братислава (Словачка), Хонг Конг (Кина), Њујорк (САД), Хамбург (Германија), Торонто (Канада), Копенхаген (Данска), Сингапур, Сао Паоло (Бразил), Шенџен (Кина), Виена (Австрија), Меделин (Колумбија), Атланта (САД), Тел Авив (Израел), Чикаго (САД), Ванкувер (Канада), Берлин (Германија), Сан Франциско (САД), Сиетл (САД), Рилеј – Дурхам (САД), Мелбурн (Австралија), Бостон (САД), Лагос (Нигерија).


Видете следно

Повлечен авансот за кинеските вакцини, но договорот не е откажан

Министерството за здравство го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на вакцини од кинескиот …