Најмалку 23 лица загинаа во светот поради неисправни пумпи: Форд повлекува скоро еден милион автомобили


Американскиот произведувач на автомобили Ford повлекува над 953 000 возила, за да ги замени пумпите на воздушните перничиња на местата на патниците, произведени од јапонската компанија Takata, бидејќи постои опасност од експлозија и дисперзија на ситни честички, пренесоа Dallas News.

Во САД  782.000 автомобили ќе бидат повлечени и со тоа Форд станува најголемиот сериски превземач во американската историја.

Повлекувањето ќе се однесува на моделите од 2010 година на Ford Edge и Lincoln MKX, Ford Ranger од 2010 и 2011 година, Ford Fusion од 2010 до 2012 година, Mercury Milan од 2010 и 2011 година и Ford Mustang од 2010 до 2014 година.

Најмалку 23 лица загинаа во светот поради неисправни пумпи.

 


Видете следно

Шестата генерација на Opel Corsa вози на струја

  Opel вози електрично. Со новата шеста генерација на Corsa, германскиот производител на автомобили првпат …