Најмногу се гради во Скопје, а просечната корисна површина на завршените станови е 66.3 м2


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 29 320 988 илјади денари.

Од нив, 11 527 868 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост.

Во текот на 2018 година се градени вкупно 2 209 објекти, а завршени се вкупно 3 437 станови со вкупна површина од 227 797 м2, од коишто 3 413 се во индивидуална сопственост.

Просечната корисна површина на завршените станови е 66.3 м2. По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Југозападниот, во Источниот итн.


Видете следно

Министерството за култура отворено и транспарентно работи со СКРМ на нивните барања

Министерството за култура активно и засилено работи на текстот на новиот закон за остварување на …