Најмногу туристите во Северна Македонија преноќуваат во хотелите со 4 ѕвездички


Бројот на туристите во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 16.6 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 8.9 % според извештајот и податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 15.7 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 16.9 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 7.2 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9.6 %.

Во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2 %, а кај странските има зголемување за 3.5 %.

Во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските има зголемување за 2.6 %.

Според извештајот Република Северна Македонија најмногу туристи примила од Турција и тоа 19066 туристи, а потоа следат Србија со 6495 туристи и Полска со 6124 туристи.

Најмногу ноќевања во Северна Македонија оствариле турците и тоа 26237, а потоа следат холанѓаните со 24332 ноќевања, па полјаците со 22574 ноќевања.

Од извештајот се гледа дека езерските места се најпосетени во Република Северна Македонија при што ја посетиле 50.939 туристи и 134.059 од нив ноќевале. Потоа следи главниот град Скопје со 41578 туристи и остварени 64 532 ноќевања.

Хотелското сместување е најзастапено на пазарот и 52.661 туристи преноќиле во хотелите со 4 ѕвезди односно оствариле 116843 ноќевања, а потоа следат ноќевањата во хотелите со 5 ѕвездички и тоа 25981 туристи, при што оствариле 46535 ноќевања.


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …