Најниска инфлација во Унгарија во последните 7 години


Унгарската инфлација го достигна најниското ниво во последните седум години – 2,8% за февруари 2013година од 3,7% во јануари 2013 година, покажуваат официјалните податоци на властите во Будимпешта.

Падот се должи на 10-процентното поевтинување на гасот и електричната енергија по наредба на владата. Во јануари потрошувачките цени се намалија за 0,1 проценти.

Унгарската централна банка ги симна каматните стапки неколку пати во последните месеци. На овој начин таа се обидуваше да ја извади европската членка од рецесијата, иако инфлацијата во минатата година беше во просек 5,7%.


Видете следно

Нова медицинска опрема на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија

Современа медицинска опрема, која се состои од два столба – специјални апарати за лапароскопска хирургија …