Најсиромашните земји во светот


Како друг екстрем во прегледот на земјите според бруто домашниот производ е поделбата според најмалите износи на БДП. Според тоа, постојат земји во светот кои се карактеризираат со екстремно ниски стапки на БДП.

Тука се вбројуваат земји според per capita БДП, бидејќи доколку се наведат според вкупниот БДП ќе се стават на листата сосема други земји, кои поради својата многу мала големина имаат ниски нивоа на БДП, но по глава на жител високи.

Поради тоа, за да не се даде лажна претстава, ќе се набројат земји според најниските стапки на БДП per capita Најчесто тоа се земји кои се наоѓаат на афричкиот континент и се карактеризираат со најниски параметри по сите карактеристики. Најголем процент од населението на овие земји живее во длабока сиромаштија, немајќи ги ни најосновните услови за живот. Така, најголем процент од населението живее со приход од помалку од 1$ на ден. Смртноста е на многу високо ниво, а болестите се неизбежна појава од кои страдаат милиони жители.

Најсиромашни десет земји според БДП per capita на годишно ниво во светот се:

1. Конго…………………………………………………………………………………… $400
2. Либерија………………………………………………………………………………. $500
3. Зимбабве………………………………………………………………………………. $500
4. Бурунди………………………………………………………………………………… $600
5. Сомалија……………………………………………………………………………….. $600
6. Еритреа…………………………………………………………………………………..$700
7. Централна Афричка Република……………………………………………….$800
8. Нигер………………………………………………………………………………………$800
9. Мадагаскар…………………………………………………………………………….. $900
10. Малави…………………………………………………………………………………… $900

Извор: CIA World Factbook


Видете следно

Намален бројот на работници во индустријата

За 4,7 проценти е намален бројот на работниците во индустријата  во периодот јануари ‒ август …