Најскапата трговска улица е во Лондон


Лондонската Old Bond Street останува најскапата трговска улица на стариот континент со наем кој достигнува до 908 евра на кв.м .

Old Bond Street може да се пофали како поскапа од која било друга европска трговска улица. Ова го покажува анализата на Colliers International за пазарот на мал простор во Европа.

Побарувачката на првокласни комерцијални локации од меѓународни оператори продолжува да расте и кириите на престижните европски трговски улици во Лондон, Париз и Москва. Во Западна Европа, заедно со Париз и Лондон, годишен раст на кирии кај првокласните трговски локации предвидуваат и главните трговски улици на Минхен, Берлин и Штутгарт, објаснува Шон Бригс, управен директор Трговски површини за Европа во Colliers International.

Упатувајќи поглед кон Источна Европа, Софија во Бугарија е првенец и регистрира најголем раст на кирии кај првокласните комерцијални локации ( околу 48% на годишна основа на Главната трговска улица ).


Видете следно

Претседателот Пендаровски му ја додели Наградата за Македонски квалитет на Пакомак

Пред многубројна публика, претседателот Стево Пендаровски му додели Награда за Македонски квалитет на Пакомак за …