Највредниот бизнис совет на Џек Ма: Во помала компанија ќе научите за страста, соништата, како да правите многу работи истовремено


До 30 години следете некого. Одете во мала компанија. Најголемата компанија ќе ве научи на процеси, а во малата ќе научите за страста, соништата, како да правите многу работи истовремено.

Во ова видео Џек Ма, основач на најголемата компанија за онлајн трговија во светот – Alibaba, зборува за работите на кои според него треба да го посветиме својот живот на различни возрасти. Погледнете каква порака упатува тој кон младите луѓе и на сите кои одлучиле да започнат сопствен бизнис.

Меѓу 30 и 40 треба да размислите дали веќе не може да работите за себе, ако навистина сакате да бидете претприемач.

Меѓу 40 и 50 треба да ги правите нештата во кои сте навистина добри. Ова не е времето да си ја менувате работата и да пробувате нови работи, предоцна е. Може и да успеете, но веројатноста да се соочите со неуспех е премногу голема.

Меѓу 50 и 60 работете за млади луѓе, бидејќи тие ќе ги прават работите подобро од вас.

По 60 посветете го своето време на себе, одете на плажа и уживајте во сонцето.


Видете следно

Традиционална крводарителска акција на Рамсторе

По повод 14. роденден на Рамсторе Македонија  и во насока на својата визија која има …